Достапни линкови

Средба на пакистанските лидери за надминување на политичката криза


Пакистанскиот премиер Јусуф Реза Џилани денеска оствари средба со лидерот на опозицијата Наваз Шариф. Двајцата повикаа на помирување и ставање крај на политичката криза во земјата, но не соопштија детали околу евентуални конкретни договори од средбата. Тие, како што беше најавено разговарале за контроверзните уставни амандмани и некои други прашања за кои постојат разидувања. Инаку, состанокот меѓу двајцата лидери дојде во момент кога судијата на Врвховниот суд Ифтихар Чаудри се врати на должноста. Тој беше разрешен од поранешниот пакистански премиер Первез Мушараф, што предизвика серија протести од опозиционите партии и адвокатите во оваа земја, со барање независно судство.
XS
SM
MD
LG