Достапни линкови

logo-print

Советот за безбедност на ОН ќе расправа за Косово


Советот за безбедност на ОН, утре ќе ја разгледува ситуацијата во Косово, на која своите редовни извештаи ќе ги поднесат генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и шефот на УНМИК Ламберто Заниер. Во извештајот на Бан Ки Мун објавен во четвртокот, се оценува дека ситуациајта на Косово е стабилна, иако во северниот дел на Косовска Митровица имаше одредени инциденти. Ставовите на Србија на оваа седница ќе ги застапува претседателот Борис Тадиќ, кој во петокот повтори дека Србија ќе продолжи да го брани својот интегритет и суверенитет на Косово и тоа со дипломатски и правни средства.
XS
SM
MD
LG