Достапни линкови

Шпанија е флексибилна околу роковите за повлекување од Косово


Шпанија е флексибилна околу роковите за повлекување на своите војници од составот на КФОР на Косово. И покрај тоа што одлуката за напуштање на КФОР е донесена, повлекувањето може да биде за една година, 18 месеци или пак осум месеци, изјавија денеска шпански владини претставници. Во текот на наредниве денови шпанската министерка за одбрана Карме Чакон ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Схефер за да ги објасни причините за повлекување и да ги утврдат роковите. Шпанија се соочи со силни критики од членките на Алијансата поради одлуката за повлекување од КФОР.
XS
SM
MD
LG