Достапни линкови

logo-print

Расмусен ја добива поддршката за генерален секретар на НАТО


Западните агенции јавуваат дека данскиот премиер Андерс Расмусен ја добива потребната поддршка за иден генерален секретар на НАТО. Неименуван дипломат од Алијансата изјави дека Соединетите Држави најавиле дека ќе го поддржат Расмусен, кој на функцијата треба да го замени сегашниот генерален секретар Јаап Де Хоп Схефер. Расмусен веќе ја доби поддршката од Британија, Франција и Германија. Се очекува веста за новиот генерален секретар на НАТО да биде објавена на самитот на Алијансата што ќе се оддржи во април.
XS
SM
MD
LG