Достапни линкови

Пакистанскиот судија вратен на должноста


Судијата од пакистанскиот Врховен Суд Ифтихар Чаудри, и официјално се врати на својата должност. Чаудри беше разрешен од поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф, а овој чекор предизвика серија протести на опозицијата и адвокатите во Пакистан, кои бараа независно судство. Последните протести се случија минатиот викенд и беа предводени од опозициониот лидер Наваз Шариф.
XS
SM
MD
LG