Достапни линкови

100 тибетски монаси приведени во северозападниот дел на Кина


Околу 100 тибетски монаси се уапсени или пак самите се предале на полицијата, по напад врз полициската станица и нередите во северозападниот дел на Кина, населен претежно со тибетско население. Како што јавува кинеската агенција Синхуа, протестите започнале поради мистериозното исчезнување на едно лице, што во петокот било уапсено од страна на полицијата поради активности поврзани со независноста на Тибет. Полицијата соопшти дека лицето успеало да избега од затвор, но граѓаните изразувајќи сомнеж во таквите информации, започнале протести.
XS
SM
MD
LG