Достапни линкови

Тројца полицајци убиени во Калифорнија


Во американската држава Калифорнија едно лице убило тројца полицајци, а двајца се здобиле со повреди, во два одвоени вооружени напади. Како што соопшти полицијата, лицето Ловел Миксон бил сопрен од страна на полицијата поради проверка, по што отворил оган убивајќи еден полицаец, и успеал да избега. Подоцна тој е пронајден во еден стан, а во престрелката која настанала убил уште двајца полицајци, пред да биде застрелан од страна на полициските службеници.
XS
SM
MD
LG