Достапни линкови

logo-print

Досега вкупно 93 неотворени гласачки места поради снегот


Според податоците на Државната изборна комисија гласањето на денешните претседателски и локални избори поради снежното невреме, не започнало во 93 избирачки места во 23 општини. Доколку за 3 часа не бидат отворени гласачките места, таму изборите ќе бидат одложени, информираат од Државната изборна комисија. „Проблемите се во општините каде имаше големи снежни врнежи, и каде не се проодни патиштата“, изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски додавајќи дека се прават сите напори да бидат отворени и тие гласачки места. Таневски информира дека засега нема други проблеми во текот на избирачкиот процес.
XS
SM
MD
LG