Достапни линкови

Македонија гласа - Претседателски и Локални избори


Граѓаните на Република Македонија денеска по четврти пат избираат претседател на државата, а по петти пат градоначалници и членови на општинските совети. Евидентираните 1.792.082 избирачи во Единствениот избирачки список на 2.976 гласачки места можат да го дадат својот глас за еден од седумте кандидати за шеф на државата. Претставниците на локалната власт во 84 општини и во Градот Скопје, пак, ќе можат да бираат од пријавените 365 претенденти за градоначалници и од околу 700 листи со кандидати за членови на општинските совети. Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот. Вчера, ден пред изборите, можност да гласаат имаа 529 раселени лица, од кои 310 во Скопје и 219 во Куманово, 1.971 лице на издржување казна затвор или притвор, како и болните и немоќните кои поднеле барање до ОИК и добиле одобрување за тоа. Претседателските и локaлните избори ги следат досега најголем број домашни и странски набљудувачи. Од акредитираните 6.981 домашни набљудувачи, најголем број се од Граѓанската асоцијација МОСТ - 4.520. Меѓу 524 странски набљудувачи, најмногу се од ОБСЕ/ОДИХР - 297.
XS
SM
MD
LG