Достапни линкови

Приведени анти-НАТО активисти


Полицијата во Белгија привела околу 300 лица од неколку белгиски мировни организации, кои протестирале пред седиштето на НАТО во Брисел, јавуваат агенциите. Портпаролот на демонстраните Роел Стинен изјави дека НАТО предизвикува повеќе проблеми, отколку што ги решава. Демонстрантите кои се противат на политиката на Алијансата, најавија уште протести пред стартот на јубилејниот самит на НАТО, што на 3-ти и 4-ти април ќе се оддржи во Франција и Германија.
XS
SM
MD
LG