Достапни линкови

Шпанија ги разрешила несогласувањата со САД за повлекувањето од Косово


Владата на Шпанија соопшти дека ги разрешила несогласувањата со американската администрација, што настанаа по одлуката за повлекување на шпанските војници од Косово. ,,Објаснивме дека повлекувањето ќе се спроведе на целосно координиран начин, и реакцијата на Соединетите Држави и нашите сојузници, беше целосно разбирање,, изјави Бернардино Леон, висок советник на шпанскиот премиер Луис Родригез Запатеро. Тој ова го изјави по средбата во Вашингтон со Џејмс Џонсон, советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама. Претходно, Соединетите Држави изразија ,,длабоко разочарување“ поради одлуката на Шпанија да ги повлече своите војници од составот на КФОР на Косово.
XS
SM
MD
LG