Достапни линкови

Зелик – Предупредување за последици од економската криза


Претседателот на Светската Банка Роберт Зелик предупреди на последици поради падот на светската економија, што како што рече, годинава би можело да изнесува од еден до два отсто. Мислам дека 2009-та година ќе биде многу опасна година, изјави Зелик во Брисел. Тој предложи во рамки на Самитот на Групата 20 економски најразвиени земји, што во април ќе се оддржи во Лондон, да биде разгледано прашањето дали се потребни дополнителни стимулативни мерки, покрај веќе усвоените.
XS
SM
MD
LG