Достапни линкови

Лавров со критики до ЕУ


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров обраќајќи се на Форумот што денеска се оддржува во Брисел, ја обвини Европската Унија дека се обидува да изгради свера на влијание со понудата за партнерство со шест поранешни Советски држави. Имено, Европската Унија го одобри планот за Источно партнерство кој предвидува зголемување на помошта за Ерменија, Азербејџан, Грузија, Молдавија, Украина и можност за Белорусија, од околу 600 милиони евра. Оваа иницијатива, што официјално треба да стартува на 7 мај, има за цел поддршка на демократските и економски реформи во овие шест земји.
XS
SM
MD
LG