Достапни линкови

Премиерот на Унгарија ќе си поднесе оставка


Премиерот на Унгарија Ференц Ѓурчани денеска изјави дека ќе си поднесе оставка, за да создаде можност за формирање на нова владина коалиција која подобро би се справила финансиската криза во земјата. Ѓурчани кој на премиерското место е од 2004-та година, изјави дека за својата одлука утре ќе го информира Парламентот. Економската криза ,,силно“ ја погоди Унгарија, која доби 25 милијарди долари заем од Меѓународниот Монетарен фонд и други институции.
XS
SM
MD
LG