Достапни линкови

logo-print

Косово бара завршување на мисијата на Обединетите Нации


Косовските институции позитивно го оценуваат извештајот на генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун за Косово, но сепак ќе бараат завршување на мандатот на Обединетите Нации, пишуваат денеска приштинските весници. Косовските власти сметаат дека веќе нема потреба од мисијата на Обединетите Нации и оти резолуцијата 1244 веќе нема значење бидејки реалноста на теренот е сосема поинаква. Инаку, во извештајот на Бан Ки Мун, што ќе биде претставен во Советот за Безбедност во понеделник, се оценува дека безбедноста на Косово е подобрена и покрај некои инциденти во северниот дел.
XS
SM
MD
LG