Достапни линкови

Тензии на Корејскиот Полуостров


Северна Кореја денеска ја обнови воената телефонска врска со Јужна Кореја и го отвори граничниот премин, дозволувајки им на јужно-корејските работници да влегуваат во заедничката индустриска зона, која е на нејзина територија. Ваквиот потег доаѓа откако вчера завршија заедничките воени вежби на Соединетите Држави и Јужна Кореја. Тензиите на Корејскиот Полуостров се зголемуваат и поради плановите на Северна Кореја, во наредниот месец да лансира сателит, за кој Вашингтон смета дека е дел од тестирањата на проектили од долг дострел.
XS
SM
MD
LG