Достапни линкови

ЕК бара објаснување за намерите на Рено


Европската Комисја соопшти дека бара објаснување од Париз за одлуката на Рено да го повлече своето производство од Словенија. Француски Рено имено соопшти дека се подготвува за враќање во Франција на некои негови капацитети кои сега се во странство. Владиниот портпарол Лук Шател изјави дека со овој потег во Франција ќе се отворат нови четиристотини работни места. Портпаролот на Францускиот авто производител Натали Боуро, пак изјави дека се зголемува производството во француската фабрика за мали автомобили и дека тоа нема да има влијание за. Рено и Пежо добија 8 милијарди евра државна помош во замена за ветување дека нема да затвораат фабрики или отпуштаат француски работници.
XS
SM
MD
LG