Достапни линкови

Дипломатски односи откако САД ќе ја променат политиката спрема Иран


Висок ирански претставник денеска изјави дека американскиот претседател Барак Обама би требало со конкретна акција да ја поддржи неговата порака за нов почеток на дипломатски ангажман меѓу двете земји. Во видео пораката по повод Норуз, односно новогодишните празници во Иран, Обама повика на дипломатски контакти, засновани врз меѓусебно почитување. Али Акбар Џаванфекр, советник на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, ја поздрави пораката на Обама, но додаде дека тој би требало од темел да ја промени американската политика спрема Иран. Советникот додаде дека Вашингтон би требало да ги признае и да ги поправи грешките од минатото. Соединетите држави и Иран немаат дипломатски односи скоро три децении. Поранешниот американски претседател Џорџ Буш го окарактизира Иран како дел од ,,Оската на злото,,.
XS
SM
MD
LG