Достапни линкови

Историски повик на Обама за директни контакти со Иран


Од видео пораката на Обама

Од видео пораката на Обама

Во пораката, по повод почетокот на новогодишните празници во Иран, Обама додава дека контаките би требало да бидат врз основа на заедничко почитување.

Американскиот претседател Барак Обама во најновата видео порака до Иран изјави дека неговата администрација е за нов почеток во дипломатскиот ангажман со Техеран за сите отворени прашања меѓу Соединетите држави и Иран. Во пораката, објавена во знак на одбележувањето на почетокот на Норуз, односно новогодишните празници во Иран, Обама додава дека тоа би требало да биде врз основа на заедничко почитување и искреност.

,,Имаме сериозни разлики кои со време се зголемија. Мојата администрација сега е посветена на дипломатско решавање на сите прашања што се пред нас што ќе доведе до конструктивни врски меѓу Соединетите држави, Иран и меѓународната заедница,,.

Наведувајќи дека Соединетите држави сакаат Иран да го заземе вистинското место што му припаѓа во заедницата на народите, Обама побара од Техеран да го исполни својот дел од обврските за да го постигне тоа. Повикот на Обама за директни дипломатски контакти меѓу Соединетите држави и Иран претставува промена на политиката на поранешната администрација на претседателот Џорџ Буш. Вашингтон и Техеран немаат официјални дипломатски односи скоро три децении.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG