Достапни линкови

ЕУ смета дека сторила доволно во борбата против рецесијата


Лидерите на Европската унија сметаат дека сториле доволно во борбата против рецесијата во Унијата и ги отфрлија американските барања за зголемување на стимулативните трошоци за поддршка на глобалното економско заздравување. На самитот во Брисел, евро лидерите соопштија дека се уште ги чекаат резултатите од нивниот претходно усвоен план, вреден околу четиристотини милијарди евра. Се очекува денеска тие да расправаат за предлогот за двојно зголемување на помошта на оние земји членки на кои таа им е најпотребна.

XS
SM
MD
LG