Достапни линкови

Шестгодишнина од американската инвазија во Ирак


Ирак одбележува шест години од американската инвазија во 2003-та година и уривањето од власт на Садам Хусеин. До одбележувањето доаѓа со изразување големо жалење од страна на Ирак поради насилствата низ земјата и со подготвување на ирачките војници да преземат поголем број безбедносни обврски, додека американските трупи се подговуваат за своето повлекување, најавено за идната година. Агенциите јавија дека најмалку 288 ирачки цивили и претставници на безбедносните сили биле убиени во февруари годинава, што е за околу 60 проценти помалку во споредба со истиот месец минатата година.
XS
SM
MD
LG