Достапни линкови

Македонските избирачи во потрага по херој


Претседателски кандидати

Претседателски кандидати

Под овој наслов Џејнс Форин Рипорт објавува анализа за претстојните претседателски избори. Фаворит е кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов, но има џокери што го прават неизвесен конечниот резултат.

,,Гласајте за Чак Норис,, е повикот на интернет страницата ,,Фејсбук,, пред четвртите претседателски избори во Македонија. Во повикот се наведува дека на земјата и треба маж кој ќе знае да му се спротивстави на непријателот во време на рецесија и на опаѓање на безбедноста. Составен е и список, познат како ,,Чак Норис факти,, но, во македонски контекст. На македонците им е потребен човек кој најпрвин ќе го реши спорот со името, но и некој кој ќе може да најде пиво по седум часот навечер и кој ќе изеде еклер на Бит пазар без да се затруе, го пренесува Џејнс Форин Рипорт пишувањето на Фејсбук, додавајќи: Идниот претседател, навистина ќе мора да покаже значајна сила за да дојде до некаков вид компромис околу прашањето за името или да ја оправда владината политика да не се откажува од името Македонија иако тоа, благодарение на Грција, ја држи земјата надвор од НАТО и од Европската унија. Тоа е причината поради која сите седум кандидати во своите кампањи се фокусираа врз овој проблем.
Ѓорге Иванов, ВМРО ДПМНЕ и Љубомир Фрчкоски, СДСМ

Професорот по право Ѓорге Иванов, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ се чини е најмалку прагматичен по ова прашање. За него се смета дека е човек кој ќе го одразува ставот на премиерот Никола Груевски. ,,Нашата цел е европска Македонија, но во Европската унија треба да влеземе како македонци,, вели Иванов. Опозицијата, посебно главниот против кандидат на Иванов е Љубомир Фрчкоски кој поддржан од СДСМ тврди дека на земјата и треба итно решавање на спорот со името. Како што покажаа ланските парламентарни избори, секоја политика на мекост спрема Атина е многу непопуларна. Од друга страна, се обвинува и владата дека со таквата политика ја води земјата кон изолација. Фрчкоски тврди дека има решение за проблемот со кое би се зачувал македонскиот идентитет. ,,Мораме да влеземе под чадорот на НАТО и Европската унија што е можно побргу,, вели Фрчкоски, кој пак е срамежлив за тоа како би можел да го постигне тоа чудо.
Идниот претседател, навистина ќе мора да покаже значајна сила за да дојде до некаков компромис за прашањето за името или да ја оправда владината политика да не се откажува од името Македонија иако тоа, благодарение на Грција, ја држи земјата надвор од НАТО и од Европската унија.

Џејс Форин Рипорт пишува дека џокер е Љубе Бошковски, поранешен министер за внатрешни работи кој Хашкиот трибунал за воени злосторства го прогласи за невин и кој во земјата беше пречекан како херој. Тоа што не успеа да ја добие поддршката од Груевски не го спречи да влезе во трката како независен кандидат. Неговата политичка кариера секогаш беше контроверна. Некогаш познат по тврдата реторика спрема етничките албанци во конфликтот пред осум години сега нуди друг вид патриотизам што ќе ја обедини Македонија. Резултатите од претседателските избори ќе бидат одредница за тоа дали политичката кариера на Бошковски е завршена или доживела преродба. Тројца од седумте кандидати се од албанскиот политички блок, но харизматичниот Имер Селмани, се наведува во анализата, би можело да биде тој што може да ги загрози позициите на главните албански партии ДПА и ДУИ. Според некои, тој дури би можело да биде првиот албанец кој ќе се пробие до вториот изборен круг. Селмани е умерен политичар кој може да добие и значителна поддршка од македонскиот електорат.

Кој и да биде наследник на Бранко Црвенковски, земјата ќе мора да го покаже својот демократски капацитет на дваесет и втори март, кога покрај претседателските се одржуваат и локални избори. Многу е веројатно дека малку познатиот Иванов, врз популарноста на Груевски, ќе стане четвртти претседател на Македонија. И покрај ветувањата за нова политика за прашањето со името и оти ќе работи на подобрување на односите со соседите, неговото гарантирање дека ќе ја приближи Македонија до Запад на, како што вели, достоинствен начин, укажува на веројатноста дека станува збор за иста политика и тоа во време кога земјата би можела да искористи нешто од промената. Како и да е, постојат барем изгледи за фер и мирни избори што би можело да ја придвижат Македонија поблиску до Запад и конечно да дојде до решение за проблемот со името, се констатира во анализата објавена во Џејнс Форин Рипорт.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG