Достапни линкови

Кампањата е едно, реалноста нешто друго


Изборна кампања
Изборна кампања
Проблемот со името кој е топ тема во изборна камања по се изгледа го мотивираше Милошоски да испрати писмо до својата грчка колешка Бакојани. По ова, уследи реакција од официјална Атина со краток одговор - предлозите се несуштински и имаат за цел дефокусирање од преговрачкиот процес. Поранешни амбсадори, оваа иницијтивна на македонската страна ја оценуваат како добра, но сепак не очекуваат некави поместувања во скора иднина. Од другата страна, збунети се од леснотија со која дел од претседателските кандидати се осврнуваат на разрешувањето околу спорот со јужниот сосед.

„Ќе завршат изборите, меѓутоа кога ќе се соочат со реалноста сите ќе сватат дека мора да бидат внимателни не само ветувањата, туку во сите чекори што се преземаат. Бидејќи ние за жал правиме многу грешки во овој цел процес од веќе 20 години. Одговорноста на политичарите е да бидат реални, да гледаат во иднината.“

„Самите да излегуваат со концепти, особено такви за брзо, за сигурно решавање на спорот, мислам дека не е сериозно. Изјави на еден дел од кандидати мислам дека се повеќе заради предизборната кампања, за да остават впечаток пред јавноста, одошто пак дека вистина мислат дека можат да дадат некој особен придонес.“

Оценуваат поранешните амбасадори Ристо Никовски и Димитар Мирчев.
Меѓу експертската јавност постои стравување од радикализација за состојбите внатре во земјата ако проблемот со Грција продолжи да тлее и во наредниот период. Затоа сугерираат идниот шеф на државта во координацијата со Владата што побрзо да најде начин како ќе ја надмине оваа пречка која ја кочи земјата во нејзините европски аспирации.

,,Ставот на албанските политички партии, било во власта, било во опозицијата се дека проблемот мора да се надмине. Сигурно дека албанците како граѓани на оваа држава, ја поддржуваат македонската страна дека што помалку треба да се ,,даде“ во тој процес на преговори.“

Вели аналитичарот Алберт Муслиу.
Последните најави се дека по изборните циклуси кај нас и во Грција ќе се интензивираат преговорите.
XS
SM
MD
LG