Достапни линкови

Шпанија ги повлекува своите војници од Косово


Шпанската министерка за одбрана Карме Шакон денеска изјави дека Шпанија ќе започне со повлекување на своите 630 војници во рамки на мисијата на КФОР на Косово. Таа изјави дека повлекувањето ќе биде извршено во фази до август годинава. Шпанија е една од петте земји членки на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово.
XS
SM
MD
LG