Достапни линкови

Филип Рикер - Изборите да бидат мирни, фер и демократски


Амбасадорот на САД во Република Македонија Филип Рикер денеска имаше работна средба со кандидатите за градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев и Силвана Бонева.
На средбата биле разменети мислења за претстојните локални и претседателски избори и било констатирано дека мора да бидат фер и демократски.
- Нашата Амбасада со голем интерес ги следи претстојните избори бидејќи тие се од клучно значење за иднината на Македонија и за нејзините евроатлантски интеграции. Очекувам изборите да поминат мирно, во фер и демократска атмосфера, и апелирам до сите граѓани на Република Македонија во недела да излезат и да гласаат затоа што тоа е нивна обврска, рече амбасадорот Рикер.
XS
SM
MD
LG