Достапни линкови

Претседателот Црвенковски со апел за мирни и фер избори


На 22-ри март Република Македонија треба да покаже дека има доволно демократски капацитети за да го продолжи процесот на интегрирање во НАТО и Европската Унија. Сосема е јасно дека само тоа е концептот што нуди перспективи, гаранира внатрешна стабилност и економски развој на земјата, се вели во писменото обраќање на претседателот Бранко Црвенковски по повод престојните претседателски и локални избори во Македонија. Не е прашање дали Македонија има институционален капацитет и демократски потенцијал за организирање мирни, фер и демократски избори, бидејки такви избори имало, туку дали постои политичка волја и чувство за одговорност кај политичките субјекти за иднината на нашата земја. Затоа, се вели во изјавата на Црвенковски, одговорноста е кај сите учесници на изборниот процес, а посебно кај државните институции кои треба да обезедат сите граѓани, на целата територија, а не само во некои нејзини делови, да можат слободно и без притисоци и закани да го дадат својот глас. Престојните избори се сериозен тест за зрелоста на Република Македонија и од начинот на кој ќе бидат спроведени, ќе зависи подобрата иднина за сите нас, се вели во писмената изјава на претседателот Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG