Достапни линкови

Франција блокирана поради протестите


Неколку илјади работници протестираат денеска низ улиците на Париз, но и во другите поголеми градови, барајќи разговори со претседателот Никола Саркози околу владините мерки за справување со економската криза. Владата мора да прифати разговори со Синдикатите, изјави Бернард Тибо, претседател на главниот француски Синдикат. Поради демонстрациите, железничкиот и авиосообраќајот во земјата се одвива со потешкотии, а исто така протестот се одрази и врз работа на училиштата и болниците.
XS
SM
MD
LG