Достапни линкови

Иранскиот сателит ја завршил мисијата


Иранската државна телевизија соопшти дека првиот сателит од домашно производство, кој беше лансиран во вселената минатиот месец, ја ,,комплетирал мисијата“. Медиумите во Техеран го цитираат иранскиот експерт Ашгар Ебрахами кој изјавил дека сателитот лансиран во февруари, ќе остане уште 38 дена во вселената пред да се врати на земјата. Меѓународната заедница изрази загриженост дека развивањето на ваква технологија од страна на Иран, би можело да се користи за воени цели, додека Техеран ги отфрли ваквите обвинувања.
XS
SM
MD
LG