Достапни линкови

Опозицијата во Азербејџан го оспорува референдумот


Опозицијата во Азербејџан соопшти дека вчерашниот референдум, на кој граѓаните се изјаснија за укинување на лимитот на претседателскиот мандат, е фалсификат и најавија дека ќе го оспорат пред судските инститанци. Според првичните резултати 92% од гласачите се изјасниле за укинување на претседателскиот мандат, со што сегашниот претседател Илхам Алиев има можност доживотно да остане на функцијата. Според опозицијата излезноста не била поголема од 15%, додека власта соопшти дека 71 насто од граѓаните на Азербејџан гласале на референдумот.
XS
SM
MD
LG