Достапни линкови

Голем број неопределени гласачи


Гласачи

Гласачи

На три дена пред изборите, се уште е голем бројот на луѓето што нема да гласаат или не знаат дали во недела ќе излезат на избирачките места, покажуваат речиси сите анкети.
Слични разултати покажува и анкетата што, меѓу своите читатели и слушатели, ја спроведе Радио слободна Европа на својата интернет страницата макденес.орг. Професор Живко Андревски вели дека според неговите истражувања, бројот на луѓето што навистина нема да гласаат, речиси секогаш, е помал од бројката што ја покажуваат анкетите.

„Моите истражувачки сознанија покажуваат дека без оглед што излегува дека толку многу луѓе не се определени, мислам дека тој процент е помал во однос на неопределените и дека во принцип си го чуваат своето мислење и најлесно им е наместо да се определуваат за некој од кандидати во претходна фаза, најлесно им е да се изјаснат дека нема да гласаат. А за кој кандидат ќе го дадат својот глас, обично се определуваат овие денови или веќе се определени, меѓутоа не кажале.“

Аналитичарот Гордан Георгиев вели дека Македонија традиционално нема голема излезност поради апатија на гласачите и безлична кампања.

„Ние на овие избори ќе ги имаме партиските војници кои што редовно одат да гласаат, ќе ги имаме овие кои што редовно ги поткупуваат со разно разни податоци, брашно, зејтин итн. И делот од светот условно кажано што смета дека нешто може да измени преку гласањето.“

Во недела, гласачите ќе добијат 3 гласачки ливчиња – едно за претседател, едно за градоначалник и едно за советници. На овие три, скопјани ќе добијат дополнителни две ливчиња зошто тие покрај за општински, гласаат и за градоначалник и за советници за градот Скопје. Добро упатени извори во избирачкиот процес се сомневаат дека во текот на денот ќе може да гласаат сите заинтересирани. Тие очекуваат, особено во вечерните часови, пред затворањето на гласачките места, посебно во Скопје, да се создадат големи редици луѓе што чекаат да гласаат.

„Доколку овие што се неопределени, наспроти тие што гласаат само затоа што поддржуваат еден кандидат или се партиски војници, ќе имаат помалку мотивација за гласање на сметка на партиските војници кои што се подготвени да чекаат и по неколку часови само за да го дадат гласот.“

вели Георгиев.
Во Државната изборна комисија велат дека се свесни за специфичноста на изборите. Гласачките места отвораат во недела, во седум часот наутро, а ќе затворат во 19 часот навечер, вели портпаролот на ДИК Зоран Таневски.

„Сите лица што ќе се затекнат на избирачкото место по истекувањето на овој рок ќе им биде овозможено да го завршат гласањето.“

За да бидат успешни изборите треба да гласаат повеќе од половина од регистрираните избирачи. Вториот круг на претседателските изботи е успешен ако на гласање излезат 40 отсто од запишаните избирачи.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG