Достапни линкови

logo-print

Ќе има ли интензивирање на преговорите за името?


Антонио Милошоски

Антонио Милошоски

Најавената посета на грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани веднаш по изборите во земјава, како и писмото кое македонскиот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски го испрати до својата колешка, а во кое Македонија бара позитивен дух во меѓусебните билатерални односи, не значи интензивирање на преговорите со Грција
Домашните експерти не се оптимисти дека спорот со името ќе се реши брзо.

„Може реално да се очекува општо подобрување на климата при преговорите. Ќе видиме како ќе се одививаат кај нас работите после изборите, можеби избори ќе се случат исто и во Грција. Може ќе треба да ги чекаме резулатите и од тие избори.“


Изјави аналитичарот Илија Талев
Според проф. Мерсел Биљали посетата на Бакојани, како дел од нејзината турнеја на Балканот, е само глумење на добра волја пред меѓународната заедница. Објективнта слика вели тој, е сосема поразлична.

„Не постојат објективни, реални, и да сакаат грците и ние да сакаме, веќе имаме објективно поинаква ситуација која не е многу поволна ниту за двете страни. Така што не сум голем оптимист дека многу што ќе се реши особено кога и на власта во Грција рапидно и паѓа рејтингот.“

Сепак, поголема динамика на преговорите мора да има, сугерира Талев, според кој тие треба да се одвиваат на повисоко ниво, или меѓу шефови на дипломатиите или претседателите на двете држави.

„Да се има јасни ставови и кај едниот и кај другиот затоа што е прифатливо, што не е прифатливо и тоа јасно кажано и на посредникот Метју Нимиц и да има чиста и јасна комуникација не само меѓу државите, туку и на релација држава или власта и народот во секоја од овие земји.“

По изборите, Македонија треба да промени многу работи во нејзината преговарачка тактика со соседот. Билјали посочува дека македонската страна треба да се раководи од евроатланските процеси.

„Ќе види дека ќе се соочи со големи турбуленции овие две години, така што само ум кој не е реален може да мисли дека надвор од НАТО, Македонија може да просперира.“

Неодамна Бакојани изјави дека Грција ќе ја блокира одлуката за одредување датум за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија, ако претходно не се реши спорот со името. Експертите велат дека ваквите закани на Грција се реални и тие само ги потврдуваат најавите од Букурешт, дека по ветото за прием во НАТО, Грција ќе го блокира и влезот на земјава во Европската Унија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG