Достапни линкови

Чешка поддржува прием на Балканските земји во ЕУ


Чешкиот министер за надворешни работи Карел Шварценберг изјави дека Чешка како претседавач со ЕУ, има сосема различен став од Германија, кој деновиве го формулираше канцеларката Ангела Меркел изјавувајќи дека Унијата треба да ја прими Хрватска, а потоа да си даде време за ,,внатрешна консолидација.“ Ние го застапуваме ставот, кој подразбира дека после Хрватска треба доследно да се примат и останатите земји согласно спроведените реформи, изјави Шварценберг за чешката агенција ЧТК, набројувајќи го приемот на Македонија, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG