Достапни линкови

Полска планира зголемување на своите војници во Авганистан


Полскиот министер за одбрана Богдан Клич изјави дека Полска планира зголемување на бројот на своите војници во Авганистан. Тој сепак не соопшти колкаво ќе биде зголемувањето. За реализација на овој план потребна е согласност и од полскиот претседател Лех Качински, кој е врховен командант на армијата. Полска во моментов има 1600-тини свои војници во авганистанската провинција Газни.
XS
SM
MD
LG