Достапни линкови

Зачестени убиства и самоубиства


Во изминативе неколку дена во Македонија се случија две убиства и самоубиства, а продолжи и обзнанувањето на нови случаи на педофилија. Несигурноста, периодот на транзиција во кој етичките норми ја губат својата улога, тука невропсихијатрите ја наоѓаат причината за ваквите зачестени појави. Стручната јавност посочува дека на државата и недостасуваат механизми за спречување на ваквите случаи.

Емотивна нестабилност, отуѓеност на луѓето, опаѓање на моралните норми и вредности, се само дел од причините кои човекот го водат кон негова агресија или агресија кон другите. Вака експертите ги коминтираат последните случаи на убиства, самоубиства и родоскрвнавење. Само за два дена, се случија две убиства две самоубиства, и два случаи на педофилија. Пензионираниот професор по невропсихијатрија, Витомир Мицев, вели дека периодот на транзиција придонесува за ерозија на етичките норми.

„Моменталната ситуација, несигурнот, конфликни ситуации, траумите, сето тоа доведува до недоволно присуство на одбрамбени механизми и тоа го лимитира човекот да употреби само неколку од тие механизми, а некои од тие се во спротивност со друштвените норми.“

Објаснува професор Мицев и додава дека осаменоста може да биде причина за убиства и самоубиства .

„Имаме многу луѓе кои што се жалат: Јас немам со кого да комуницирам. И сега замислете таа особа која е изолирана само во една врска, одеднаш се наоѓа во ситуација да ја изгуби таа врска и неможе да се снајде во овој свет.“

Државата нема развиено механизми со кои ќе ги спречи појавите на девијантно однесување, механизми со кои ќе им помогне на луѓето кои имаат проблеми да ги решат, вели социологот Илија Ацески.

„Никој не реагира, а знаат тие имаат свои соседи, роднини, пријатели со кои комуницираат. Никој не реагира, ниту здруженија кои што ќе предупредат дека некој има проблеми. Тие се првите кои што тоа би требало да го забележат и да предупредат. Такви сигнални средства нема, во тоа е проблемот.“

објаснува професорот Илија Ацески. Семејството, училиштето и самото општество, треба да бидат цврст темел на кој ќе се гради стабилноста на една личност, порачуваат експертите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG