Достапни линкови

Иран - непријател на Интернетот


Подобро е да се родиш како куче во демократија, отколку да бидеш човек во дикаторска земја, стои во профилот на Фејсбук на 28 годишниот иранец Фаред Хашеми. Тој е член на една иранска најголема реформистичка студентска група, која често е под притисок од страна на властите. Хашеми исто така е еден до многумината иранци кои го користат Фејсбук, за да останат во контакт со своите пријатели, за да разменуваат фотографии, да разменат идеи и информации... Иранските власти по блокирањето на оваа многу популарна интернет мрежа за воспоставување контакти во 2006-та година, во фебруари презедоа изненадувачки чекор, симнувајќи ја забраната за користење на Фејсбук. Сега овој сајт е меѓу десетте најпопуларни во Иран. Хашеми вели дека понекогаш е тешко да се разберат одлуките на иранските власти, но вели среќен е поради ваквиот чекор.

„Имајќи го во предвид фактот дека сум политички и општествен активист, заинтересиран сум за прашањата од областа на човековите права кога сум на Фејсбук. Се придружувам кон оние кои што ги поддржуваат човековите права и развојот на демократијата, или оние кои што протестираат против нарушувањето на човековите права во Иран.
Иран е предводник на репресијата на Интернет на Средниот Исток


вели Хашеми. Според Репортери без Граници, Иран е предводник на репресијата на Интернет на Средниот Исток забранувајќи употреба на многу сајтови. Властите во оваа земја не образложија зошто неодамна повторно дозволија користење на Фејсбук, исто како што и првиот пат кога ја воведоа забраната не наведоа причини. Кристоф Гинстри, претседател на организацијата ,,Интернет без граници„ вели дека некои влади имаат долга историја на интернет цензура, така што одредени чекори не го подобруваат нивниот имиџ:


„За време на изборниот период, како што тоа е случај со Иран, владите настојуваат да остават впечаток дека нудат слобода. Но, тоа е нешто што апсолутно не се случува. Суштината е во тоа дека тие дозволуваат употреба на Фејсбук, како можност да ги контролираат луѓето.“

смета Гинстри.
XS
SM
MD
LG