Достапни линкови

Постигнат договор меѓу лидерите на Молдавија и Трансдњестeр


Лидерите на Молдавија и отцепениот регион Трансдњестер, на денешниот состанок со посредство на Русија се согласија да работат на мировна резолуција за 17 годишниот ,,замрзнат“ конфликт. Заложбата е наведена во заедничкото соопштение потпишано од претседателот на Молдавија Владимир Воронин, лидерот на Трансдњестер Игор Смирнов и рускиот претседател Дмитриј Медведев, на денешната средба во Кремљ. Лидерите на двата региони се обврзаа да продолжат со директни разговори со цел активирање на преговарачкиот процес. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата истакна дека руските мировни сили во регинот на Трансдњестер, би можеле да бидат трансформирани под раководство на ОБСЕ, откако ,,ќе биде најдено решение за конфликтот“.
XS
SM
MD
LG