Достапни линкови

Средба Вен Џибао – Ким Јонг Ил


Кинескиот премиер Вен Џибао денеска се сретна со претседателот на Северна Кореја, Ким Јонг Ил, но засега нема детали за суштината на разговорите. Кина изрази загриженост околу ,,комплицирањето на ситуација“ на корејскиот полуостров, додека Северна Кореја се подготвува следниот месец да лансира сателит за комуникации, за кој Соединетите Држави и Јужна Кореја обвинуваат дека всушност станува збор за тестирање на балистичка ракета.
XS
SM
MD
LG