Достапни линкови

Схефер – Во Авганистан се потребни уште 4000 војници


Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер изјави дека дополнителни четири батаљони, или околу четири илјади војници, се потребни за да се осигура безбедност на изборите во Авганистан, што ќе се оддржат во август. Во Авганистан има 70 илјади војници, а дополнителни 17 американски сили треба да пристигнат во земјата во текот на годинава. Схефер е во посета на Авганистан, предводејќи ја делегацијата на претставници од 42 земји учесници во мисијата ИСАФ. Посетата доаѓа пред самиот на НАТО во април, на кој една од главните теми ќе биде и ситуацијата во Авганистан.
XS
SM
MD
LG