Достапни линкови

logo-print

Ракометната треска продолжува


Скопје

Скопје

Еуфоријата од Светското првенство во Хрватска каде што го освоивме 11-тото место се уште не е спласната, а македонската ракометна репрезентација е пред нов предизвик. Денеска продолжуваат квалификаците за Европското првенство догодина во Австрија, во кои ние сме дел од третата група, во чии рамки вечер во салата Борис Трајкоски ќе се соочиме со олимпискиот вицешампион Исланд. Добро познатиот противник, преку кој лани во баражот извадивме виза за Мундијалот, на најдобар начин прекинувајќи ја серијата од четири елиминации со која ни набиваше комплекс. Тоа сега го нема, а во националниот тим владее самоувереност и се размислува за нова победа.

„Сигурни сме во победа, а и тоа ќе биде многу важно бидејќи пред се имаме добри шанси за победа, како и последниот пат. Незнам со колку разлика, ама мислам дека победа ќе ни биде многу важна.“

Изјави крилото Владимир Темелков.
Неговиот оптимизам не го намалува ниту отсуството на повредените Димовски и Мојсоски, како и на Стојановиќ кој е во судир со селекторот Темелковски. Сепак, и противникот ќе настапи без неколкумина од составот кој летоска освои олимписко сребро, што не значи дека ќе имаме лесна задача. Напротив, за нашиот адут на голот Борко Ристоски, Исланд пак е фаворит, а нам ни останува со давање максимум да продолжиме со позитивните резултати.

„Ќе биде тежок натпревар, мислам дека Исланд е навистина квалитетна репрезентација. Исланд е фаворит, така што се подготуваме за тој натпревар. Тоа е овде бараж и се надеваме дека уште еднаш ќе може да се радуваме со публиката во Македонија, се надевам салата ќе биде полна.“

Вели Ристовски, кој ќе е последната пречка за нападите на противникот. А, тој, општо е мислењето, ќе се совлада, пред се, со квалитетна одбрана.

„Ако одиграме максимално ангажирано, борбено во таа одбрана, доколку ги затвориме сите приоди кон нашиот гол, нормално ќе може да очекуваме и добра одбрана на нашите голмани, мислам дека преку таа одбрана се друго ќе функционира. Имаме и напад кој што може да се одигра квалитетно, така да прво одбраната, а после нападот.“

Истакна селекторот Илија Темековски.
На него и неговите избраници останува тоа и да го демонстрираат на терен, вечер, но и в сабота, кај аутсајдерот во групата, Белгија. И во тој меч победата ни е императив, доколку сакаме да го освоиме барем второто место во групата и да се пласираме на Еуро. А за такво нешто, покрај Исланд, со кого со трите бода од дуелите со Естонија ја делиме втората позиција, најголем ривал ќе ни е Норвешка. Таа е прва со седум бодови, но од два меча повеќе.
XS
SM
MD
LG