Достапни линкови

Доставување на доверливиот изборен материјал до општинските комисии


Државната изборна комисија во текот на денов до 84-те општински изборни комисии ќе го доставува доверливиот материјал, односно гласачките ливчиња, избирачките списоци, записниците. Во текот на изминатите неколку дена беше дистрибуиран недоверливиот материјал од претседателските и локалните избори што ќе се одржат в недела на 22 март. Општинските изборни комисии доверливиот материјал до избирачките одбори треба да го достават најдоцна еден ден пред изборите, односно до сабота.
XS
SM
MD
LG