Достапни линкови

Чешка ја одложи ратификацијата на договорот со САД за антиракетен штит


Чешката влада синоќа од пред парламентот неочекувано го повлече предлог договорот со САД за изградба на антиракетниот штит во Чешка. Со тоа, поради реалните закани дека Парламентот ќе ја отфрли спогодбата, Чешка ја одложи ратификацијата на договорот. Премиерот Мирек Тополанек изјави дека спогодбата ќе биде вратена во парламентот по дополнителните консултации со американската администрација и по априлскиот самит на НАТО.
XS
SM
MD
LG