Достапни линкови

logo-print

Најмалку 35 милитанти убиени во Авганистан


Најмалку 35 милитантни се убиени во изминативе два дена во Авганистан. Коалиционите и авганистанските сили убиле 29 милитанти, а 12 се повредени во провинцијата Каписа. Во друг одвоен инцидент, како што е соопштено, американските трупи убиле седум милитанти при операција во провинцијата Кандахар. Во напад изведен од бунтовниците во јужен Авганистан, загинал и еден војник на НАТО, но не е соопштена неговата националност.
XS
SM
MD
LG