Достапни линкови

Големо вооружување на руската војска, нареди Медведев


Рускиот претседател Димитриј Медведев на денешната средба со армиските генерали нареди вооружување од големи размери и модернизација на руската војска, од 2011-тата година. Ваквиот чекор, според Медведев е поради опасноста која претстои од локалните кризи, но и поради експанзијата на НАТО, во близина на руските граници.
,,Заканите од локалните конфликти и меѓународниот тероризам се сеуште присутни. НАТО настојува да ја прошири својата воена инфраструктура во близина на руските граници. Сето ова бара модернизација на нашите армиски сили, да им се даде нов, модерен облик„ рече Медведев.
XS
SM
MD
LG