Достапни линкови

Рен – Да не се замрзнува приемот на Западен Балкан во ЕУ


Европската Унија не треба да ги замрзне плановите за прием на земјите од Западен Балкан, изјави денеска еврокомесарот Оли Рен. Тој на овој начин ја прокоментира вчерашната изјава од германската канцеларка Ангела Меркел која рече дека на Унијата и е потребна ,,фаза на консолидација“ пред на прими нови членки. Рен додаде дека перспективата за членство во ЕУ ќе придонесе за политичка стабилност и реформа на стопанството на Западен Балкан. Според него економската криза и напорите за ратификување на Лисабонскиот договор не треба да ги пореметат плановите за идно проширување на Унијата.
XS
SM
MD
LG