Достапни линкови

Кои професии сe бараат во Македонија?


Macedonia, Street Macedona, Skopje, 01Nov2008
Macedonia, Street Macedona, Skopje, 01Nov2008

Информатичари, менаџери, консултанти, луѓето од овие професии уште долго време не треба да се грижат дали за нив ќе нема работа во Македонија. За ваков кадар побарувачката е голема и во услови на економска криза велат, од агенциите кои посредуваат при вработување. Според берзите на трудот најбарани кадри во Македонија во моментов се и градежните работници, секретарките, сметководителите, банкарските службеници. Од друга страна во Агенцијата за вработување голем дел од граѓаните со години не можат да најдат работа и покрај факултетската диплома. Најтешко до работа доаѓаат оние кои завршиле општествени или правни науки.


„Најбарани позиции пред се се административните позиции, плус сметководство и финансии. Најмалку атрактивни се инженери од технолошките науки, земјоделски кадри, ветеринарни кадри...“

Објаснуваат од on-line берзата за вработување „Вработување.ком“. Според податоците од Заводот за статистика најголем дел од дипломираните, а и од оние кои се стекнале со диплома магистер своето образование го стекнале на некој од општествените или хуманистички факултети. Додека најмногу доктори на наука има од медицинскиот факултет. Од „ЦС Глобал“, компанија за управување и развој на човечки капитал, велат дека постои голема разлика меѓу понудата и побарувачката на работната сила.

Постои разлика меѓу понудата и побарувачката на работна сила


„Воопшто не релевантно е дали дипломирале, што дипломирале, бидејќи неможат да работат. Кај нас луѓето одат на магистратура, на докторат, од проста причина што немаат што да прават во животот, после факултет.“

Вели Афродита Кермичиева Пановска, од „ЦС-Глобал“. Бизнис магазинот Business, весникот Forbes и интернет порталот Career Planner направиле истражување според кое и во 22-век, ќе опстанат професии како фризер, математичар, свештеник и медицинска сестра. Затоа што ниедна машина неможе да биде креативна како фризерот, се мора да се придржува кон математичките закони, на секого му се потребни духовни совети ,а непосредниот контакт , нужен за заздравување, медицинските сестри ги прави незаменливи.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG