Достапни линкови

Браун – Иран да ја запре програмата за збогатување ураниум


Британскиот премиер Гордон Браун денеска го повика Иран да ја запре програмата за збогатување ураниум, доколку сака да добие меѓународна помош за развој на цивилна нуклеарна програма. Иран се соочува со ,,јасен избор“. Или да продолжи на овој пат кој подразбира натамошно соочување со санкции, или да соработува со меѓународната заедница, порача Браун. Западните земји стравуваат дека иранската програма за збогатување ураниум има за цел развивање оружје, додека Техеран ги отфрла ваквите обвинувања.
XS
SM
MD
LG