Достапни линкови

logo-print

Американска воена делегација во Скопје


Министерот за одбрана Зоран Коњановски ја прими делегацијата на Националната Гарда на американската сојузна држава Вермонт, предводена од командантот Мајкл Дуби. Коњановски на средбата истакнал дека членството во НАТО е приоритетна цел за македонското министерство за одбрана, и најавил зајакнување на соработката со Националната гарда на Вермонт. Американската воена делегација понудила можност за заедничко распоредување на припадници на АРМ во мировна мисија предводена од НАТО, со што македонската армија би ја продолжила соработката со армијата на Соединетите Држави, како стратешки партнер.
XS
SM
MD
LG