Достапни линкови

Сиетл останува со само еден дневен весник


Од утре американскиот град Сиетл ќе остане со само еден дневен весник, откако по 146 години денеска за последен пат на киосците ќе се најде изданието на весникот Пост-интелиџенсер. Весникот ќе продолжи да излегува само како интернет издание и со намалена редакција, откако претходните девет години работеше со загуба. Единствен весник во Сиетл ќе остане Сиетл Тајмс.
XS
SM
MD
LG