Достапни линкови

Македонија би загубила со регионален пристап за ЕУ интеграциите


Според експртите на краток рок, клучно за евро интеграциите е организирањето фер и демократски избори. На долг рок, клучен е индивидуалниот пристап на ЕУ

Осцилациите на европското расположение за проширување, како резултат на светската економска криза и сеуште неизвесната судбина на Лисабонскиот договор од една страна, и лошите односи меѓу соседите на Балканот од друга, во моментов клучно влијаат врз евро интеграциските процеси, коментираат експертите. Низа други односи, како блокадата на Холандија кон Србија, обесхрабреноста во
Ако порано бевме лидер во регионот во однос на европските интеграции, сега повторно се враќаме назад во дамнешниот период, во смисла на тоа дека се гледаме генерално како припадници на Западниот Балкан
Албанија и Црна Гора за аплицирање како и стравувањата што ќе се случи со БИХ ја создаваат новата консталација, која влијае дека Балканот не е приоритет за ЕУ:

„Особено тука е интересен случајот со Македонија. Ако порано бевме лидер во регионот во однос на европските интеграции, сега повторно се враќаме назад во дамнешниот период, во смисла на тоа дека се гледаме генерално како припадници на Западниот Балкан,“

Коментира професорот Јетон Шасивари.

Иако постојат забелешки во врска со демократскиот развој на институциите Македонија не е виновна за ваквите осцилации и може да се смета за пример во регионот за спроведени институционални реформи, додава Шасивари. Поради тоа, регионалниот пристап не би бил во полза на Македонија, додава Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики:

„За Македонија е битно да нема таков регионален пристап, затоа што во тој случај треба да ги чекаме сите помалку подготвени земји и помалку реформски ориентирани земји. Тоа не е во наша полза. Во наша полза е индивидуален пристап,“

Вели Даскаловски.

Во МНР очекуваат Македонија да биде оценувана според реалните постигнувања, а не според некаков регионален пристап според кој сите земји од Западен Балкан би биле ставени во пакет. Тие не го делат впечатокот дека таков регионален пристап постои и додаваат дека фер и демократски избори во моментов се клучни за европските аспирации на земјава, а дека евентуалните нерегуларности подолгорочно би ги затвориле вратите за Македонија, без оглед дали таа ќе биде гледана индивидуално или во рамките на регионалниот контекст.
XS
SM
MD
LG