Достапни линкови

Седум загинати во самоубиствен напад во Пакистан


Најмалку седум лица загинале, а повеќемина се повредени при експлозија на бомба што се случила во пакистанскиот град Равалпинди. Шефот на полицијата во овој град, Насир Дурани, изјави дека станува збор за самоубиствен напад. Самоубиецот ја активирал бомбата во близина на еден ресторан во градот, изјави Дурани. Нападот се случува во момент на зголемени тензии во Пакистан, предизвикани од анти-владините протести.
XS
SM
MD
LG